Instagram

Наместо луксуз и гламур, Салма Хајек и нејзините пријателки се опуштаат на фарма со крави и овци

Актерката и продуцентка Салма Хајек оваа година одлучи да помине малку поинакво лето, наместо луксуз и гламур избирајќи едноставност и мир на фарма, опкружена само со нејзините најблиски пријатели.

На фотографиите се гледа како Салма ужива на фармата, опкружена со кокошки и крави. Заедно со Салма на фармата се и Рита Ора, американската комичарка Челси Хендлер, како и дизајнерката Стела Мекартни, а веселиот тим ужива во опуштената атмосфера на фармата.

Видеата што ги сподели Хајек прикажуваат идилична слика на фарма со крави и овци што слободно шетаат по имотот, создавајќи глетка што зрачи со мир и едноставност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Во текот на летото, Салма споделуваше бројни фотографии и видеа од летни патувања, меѓу кои беше и патувањето на популарниот фестивал Гластонбери во друштво на нејзината ќерка Валентина Палома и пријателите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот