
Наковски Волеј за прв пат ќе учествува во европскиот ЦЕВ Челинџ куп
Женскиот одбојкарски клуб Наковски Волеј оваа сезона за првпат во својата историја ќе учествува во европскиот ЦЕВ Челинџ куп, кое право на учество клубот го стекнав со освојување на златниот медал во КУП натпреварувањето на РСМ за 2024/2025 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Но, за жал, и покрај историскиот резултат, екипата на Наковски Волеј ќе биде принудена и двата натпревари да ги игра на гостински терен. Причината за тоа е недостаток на финансиски средства.
– За организација на еден натпревар на домашен терен се потребни сериозна сума на финансиски средства кои клубот до денес не можеше да ги обезбеди – рече тренерот Наковски.
Од клубот известуваат дека Општина Струмица која има обврска и одговорност да ги поддржува клубовите што носат успех и го претставуваат градот на европско ниво, воопшто не одвои средства за Наковски Волеј ниту покажа заинтересираност да се вклучи во организација на еден реванш натпревар кој треба да го одигра дома и да ја афирмира и презентира општината.
– Истовремено, сведоци сме дека значајни средства од општинскиот буџет се издвојуваат и доделуваат на клубови со многу помалку забележливи резултати и без учество на натпревари во Европа.
Дополнително на ваквата тешка ситуација, ниту бизнис заедницата не покажа доволен интерес да го поддржи нашето прво учество во европското натпреварување. Благодарност секако до малиот број компании, наши спонзори кои покажуваат општествена одговорност.Ние сепак, ќе се бориме достоинствено и ќе дадеме сѐ од себе да го претставиме нашиот град и држава на најдобар можен начин. Но, останува горчливото чувство дека, наместо да бидеме поддржани и мотивирани, сме оставени сами во најважниот момент од историјата на клубот. А, струмичката публика и широкиот одбојкарски аудиториум ќе биде скратен за еден убав настан за гледање и восхит. Да се надеваме дека оваа нема да се случува и во иднина, нека ова биде пример како не треба кога станува збор за спортот. Потребна е вистинска поддршка во спортските клубови каде што има реални успеси и развој на спортот, а со тоа афирмација на градот и државата. Историја пишуваме сами, но за иднината ни треба поддршка од сите! – стои во објавата на ОК Наковски Волеј.
Преземено од: Спорт.ком.мк