Скопска пролет / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Највисока измерена температура во март 28,8 степени, најниска -12,7

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец март 2025 година се карактеризира како многу топол и просечно до натпросечно врнежлив, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/2020), соопшти УХМР.

Средномесечната температура се движеше од 3,9°Ц во Лазарополе до 11,3°Ц во Гевгелија. Споредено со просечните мартовски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната беше 2,4°Ц над просечната на ниво на држава.

Највисоката максимална температура е измерена на 15 март во Битола и изнесуваше 28,8 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот е регистрирана во Лазарополе, на 19 март и изнесуваше -12,7 степени.

Во март годинава, месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 36 мм во Битола до 132 мм во Маврово.

Врнежите беа од дожд, град и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од дожд, 41 мм беше регистрирано во Гевгелија на 30 март. Во последните шест дена од месецот на повеќе локации во државата, имаше циклонален продор со континуирани ефективни и еднодневни, краткотрајни поројни врнежи пропратени со град и грмежи.

На Попова Шапка на 1 март е измерена највисока снежна покривка од 26 см. Снежната покривка беше застапена само во првата декада од месецот. Забележана е и појава на мраз во периодот 18 до 21 март.

Споредено со мартовската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 38% над просечната на ниво на држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот