
Најпознатиот психолог во светот откри 6 правила за среќа: Следете ги и ќе бидете ментално здрави и задоволни
Михаил Лабковски повеќе од 40 години работи како психолог, благодарение на што открил 6 правила за среќа и успеал и себеси да си го направи животот поубав со нив.
Препорачано
Шест правила за среќа според Михаил Лабковски:
1. Правете го само она што го сакате.
2. Не правете го она што не сакате да го правите.
3. Веднаш разговарајте за она што не ви се допаѓа.
4. Не одговарајте кога нема да ве прашаат.
5. Одговорете само кога ќе ве прашаат.
6. Кога расчистувате некој однос, зборувајте само за себе.
Иако едноставни, овие правила не е лесно да ги усвоите. Според нив најчесто се водат смирените, независни луѓе со висока самопочит, стабилна психа и големо чувство за љубов кон себе.
За да ги надминете стравовите, трпението, несигурноста, мора да се ослободите од старите негативни убедувања кои сте ги стекнале можеби уште од детството. Креирајте нови врски, нивен нов напредок.
Михаил Лабковски истакнува дека неговите 6 правила јасно говорат како да се однесувате во одредена ситуација – од оние наједноставните секојдневни (пиење кафе со или без млеко), до големите и судбински одлуки (на пример, дали сакате да имате дете).
– „Па, што треба да правам?“, луѓето често ме прашуваат во текот на предавањата, кога зборуваат за некои тешки животни одлуки.
– „Како сакате вие да го направите тоа?“, едноставно прашувам како одговор, а тука многумина се изгубени. Затоа што при носењето одлуки навикнати се да се водат според сѐ освен според сопствените желби. Да, ова треба да се научи. Но, ако доволно долго се придржувате до моите правила, најмалку еден месец, сигурно ќе следи промена со специфични реакции, па и во целата психа“ – објаснува Лабковски.
Психологот истакнал дека промената во однесувањето од невротично и анксиозно во здраво, може да направи да ги изгубите луѓето и парите.
На пример, можеби конечно по деценија да ѝ ја кажете на вашата стара пријателка вистината и да престане да ве бара.
Или можеби ќе дадете отказ затоа што не сакате да ја работите работата која повеќе не ве исполнува. Бидете подготвени да се менувате заради својата среќа и научете да ги почитувате своите желби.