Најмладиот милијардер на светот ги открива сите тајни за успешен бизнис

Томас Хили, 33-годишниот основач и извршен директор на Hyliion, стана најмладиот милијардер во Америка кој сам си го создал богатството во 2020 година, а неодамна ги сподели своите клучни совети за преговори. Во интервју за популарниот TikTok канал „School of Hard Knocks“, тој истакна дека неговата филозофија се базира на две реченици: „Никогаш не се ставајте во позиција каде што сте очајни“ и „Секогаш мора да имате план Б“.

Хили рече дека во една прилика, кога инвеститорот ги променил условите на договорот во последен момент, тој едноставно заминал и потпишал договор со друг партнер веќе следниот ден.

„Мора да бидете подготвени да си заминете кога договорот нема смисла“, објасни тој.

Како клуч за успех во бизнисот, Хили го наведува разбирањето дека сите инвеститорите имаат страв од пропуштање. Затоа, вели тој, е потребно да се создаде чувство дека вашата компанија е можноста што не треба да ја пропуштат.

„Мора да создадете страв за да не ја пропуштат можноста. Но, исто така мора да разбудите алчност – дека ако сакаат да бидат дел од тоа, мора сериозно да се вклучат и да направат значителна инвестиција во вас“, истакна Хили.

Иако неговата компанија се соочила со предизвици, Хили сè уште го следи советот на поранешен инвеститор: „Победата е вашата единствена опција“. Ова, според него, значи дека не треба да се размислува за неуспех, туку само за успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот