Најмалку седум убиства во Холандија нарачани преку „дарк веб“

Најмалку седум убиства на холандски државјани биле нарачани преку „темната мрежа“ (дарк веб), која нуди услуга за платени убиства, објави порталот „RTL Nieuws“ врз основа на податоци добиени со хакирање на страницата.

Според извештајот, во четири случаи убиствата биле платени, но ниту едно од убиствата не било извршено, а сите клиенти биле измамени од луѓето зад страницата, објави NL Times.

Нарачани убиства на таа страница биле евидентирани во периодот помеѓу 2016 и 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот