Најмалку девет лица загинаа во воздушен напад во јужна Сирија

Најмалку девет лица, меѓу кои две деца и најмалку три жени, се убиени денеска во воздушен напад врз селото Орман во јужната сириска провинција Ал Суваида, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, додавајќи дека нападот најверојатно бил извршен од јорданската авијација.

Шефот на Опсерваторијата, Рами Абдурахман, рече дека убиените луѓе немаат никаква врска со прекуграничниот шверц на дрога што постои во областа.

Тој сугерираше дека јорданските воздухопловни сили можеби добиле неточни разузнавачки информации од локалното население.

Од Јордан нема потврда за нападот што го пријавија сириските опозициски активисти.

Шверцерите го користеа Јордан како коридор во последниве години заради криумчарење на амфетамин каптагон кој предизвикува голема зависност, од Сирија во арапските заливски држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот