EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Најмалку 16 мртви при истекување на гас во Јужна Африка

Сомнително истекување на нитратен оксид во Јужна Африка доведе до смрт на 16 луѓе, соопштија локалните власти. Жртвите – вклучувајќи жени и деца – починале откако го вдишале гасот во населба во Боксбург, источно од Јоханесбург, пренесува „Би-Би-Си“.

Протекувањето во средата е поврзано со нелегалното ископување злато во областа. Гасот нитратен оксид често го користат нелегалните рудари за злато – локално познати како зама замас.

Една од плинските боци била пронајдена како протекува во густо населениот град Анџело во Боксбург. Жртвите биле пронајдени во радиус од 100 метри од местото на настанот. Никој не бил пренесен во болница, изјавија за „Би-Би-Си“ официјални лица од службата за итни случаи.

Но, тие стравуваат дека може да се најдат повеќе тела во текот на ноќта, бидејќи екипите за пребарување и спасување продолжуваат со својата работа.

Оваа трагедија доаѓа само шест месеци по експлозијата на цистерна со гас на Бадник, која однесе 41 живот во истиот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот