Тајланд војна AFP / Profimedia

Најмалку 16 луѓе загинале од почетокот на конфликтот меѓу Камбоџа и Тајланд

Тајланд и Камбоџа денес разменија тежок артилериски оган, а досега во ескалацијата на пограничниот конфликт се убиени најмалку 16 луѓе.

Според тајландското Министерство за здравство, во судирите се повредени 46 лица, од кои 15 се војници.

Тајландската војска соопшти дека борбите започнале пред зори во провинциите Убон Рачатани и Сурин, и дека Камбоџа користела артилерија и ракетни системи БМ-21 од руско производство.

„Силите на Камбоџа вршеа континуирано бомбардирање користејќи тешко оружје, полева артилерија и ракетни системи БМ-21“, соопшти тајландската војска, додавајќи дека тајландските сили одговориле.

Судири меѓу Тајланд и Камбоџа се случија денес на 12 локации долж нивната спорна граница, потврди тајландски воен претставник, што укажува на проширување на конфликтот што избувна претходниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот