
Најл Хоран со срцепарателна порака за Лијам Пејн: „Среќен сум што неодамна те видов, не знаев дека тоа ќе биде нашето збогум“
Ирскиот пејач Најл Хоран е последен од четворицата поранешни членови на „Уан дајрекшн“ кои се простија од својот колега и пријател Лијам Пејн.
Препорачано
Инаку, Хоран и Пејн имаа можност да се видат неколку дена пред трагичната смрт на Пејн, кој падна од третиот кат на хотел во Буенос Аирес.
Хоран сподели нивна заедничка фотографија од тинејџерските денови и се прости д својот пријател со емотивна порака, која ги расплака нивните бројни обожаватели.
„Смртта на мојот прекрасен пријател Лијам апсолутно ме скрши. Не ми делува како да е реално.
Лијам имаше животна енергија и страст за работа која беше заразна. Внесуваше позитивна енергија каде и да се појаваше и секогаш се трудеше сите да се чувствуваат среќно и сигурно.
Се она за што се смеевме низ годините, понекогаш и околу наједноставните ешта, постојано ми се враќа на ум низ тага. Заедно ги проживеавме нашите најлуди соништа и секогаш ќе го ценам секој момент кој го имавме заедно. Пријателството и поврзаноста каква што ја имавме не се случуваат често во животот.
Среќен сум што имав прилика неодамна да те видам неодамна. За жал, не знаев дека, откако се позравивме и гушнавме таа вечер, дека тоа ќе биде нашето последно збогум. Тоа ми го крши срцето.
Испраќам љубов и сочувство до Џиф, Карен, Рут, Никола и секако неговиот син Бир.
Пејно, ти благодарам за се.
Брату, те сакам.
Најлер“, напиша Хоран на својот инстаграм-профил.

