Најголемите фобии на познатите личности – Кијану Ривс се плаши од темница, Џони Деп се ужаснува од кловнови…

Иако нив ги доживуваме како „совршени“ суштества, кои немаат ниту трошка грижа, познатите личности и тоа како се носат со „своите демони“.

Иако можеби понекогаш се чинат за бесмислени, но познатите личности не ги кријат своите фобии. Дали можете да поверувате дека познатата Мерилин Монро имала страв од јавени настапи?

Страв од темница

Instagram
Instagram

Холивудскиот заводник Кијану Ривс има страв од темница. Тука му се придружува и актерката Меган Фокс, која освен од темницата, има страв од хартија. Па така таа при учењето на некое сценарио воопшто не ја ни допира хартијата.

Instagram
Instagram

Страв од кловнови

Актерот Џoни Деп страда од коулрофобија – ирационален страв од кловнови, а во една прилика изјави дека тие се „шарлатани кои се нашминкани и маскирани па човек не може да знае што се крие зад нивната психо насмевка“.

Instagram
Instagram

Страв од јавен настап

Да, познатата Мерилин Монро ја имала оваа фобија. Освен неа, страв од јавен настап има и актерката и пејачка Барбара Стрејсенд.

Instagram
Instagram

Страв од животни

Instagram
Instagram

Актерот и ѕвезда на „Twilight“ Роберт Патинсон има голем страв од коњи. Како што вели, се плаши коњот да не го згази, додека Никол Кидман пак, се плаши од пеперутки. Џастин Тимберлејк има фобија од змии, а Скарлет Јохансон се плаши од птици.

Instagram
Instagram

Страв од неуредност

Дејвид Бекам сака да биде уреден и секогаш „скоцкан“. Тој страда од араксофобија, односно страв од неуредност. Во една прилика, фудбалерот сам призна дека полудува кога неговата гардероба во собата не е подредена по боја, големина и количина.

Instagram
Instagram

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот