
Најгледаната морничава серија на Нетфликс ќе добие втора сезона
Најгледаната морничава серија „The Watcher“ на платформата Нетфликс, која е снимена според вистинска приказна, ќе добие втора сезона.
Препорачано
Во серијата е екранизирана приказната за семејството Броудус, кое добивало морничави писма на адресата на новокупената куќа во Њу Џерси, САД.
View this post on Instagram
Испраќачот не е пронајден и ден-денес, а во меѓувреме се појавија разни теории за можните виновници.
Сторијата стана позната во 2018 година, а сега ја сними Рајан Марфи, создавачот на популарната серија „American Horror Story“. Главните улоги ги толкуваат Мија Фароу, Наоми Вотс, Боби Канавејл и Џенифер Кулиџ.
View this post on Instagram
Во врска со новата сезона на „The Watcher“, се огласи и Бела Бахариа, една од директорките на Нетфликс.
„Публиката не може да престане да ги гледа ‘Dahmer’ и ‘The Watcher’. Креативниот тим Рајан Марфи и Иан Бренан, кои работеа на ‘Dahmer’, заедно со Ерик Њуман, кој работеше на „The Watcher“, се маестрални раскажувачи кои ја воодушевија публиката ширум светот“, вели Бахариа.
View this post on Instagram
„Заемната сила на овие две серии е резултат на препознатливиот оригинален глас на Рајан, кој создаде културна сензација, и ние сме воодушевени што ќе продолжиме да ги раскажуваме овие две приказни“, додала таа.
По големиот успех на серијата ‘Dahmer – Monster: The Jeffrey Dahmer Story’, Нетфликс ја објави веста дека ќе продолжи со снимање на оваа серија и дека таа ќе добие уште најмалку две сезони.
Сепак, следните две сезони нема да бидат за убиствата на Џефри Дамер, туку ќе се фокусираат на „други монструозни фигури кои го погодија општеството“. Сѐ уште не се објавени датумите за новите сезони на серијата.