
Најдобрите македонски ракометари ја совладаа Грција во првиот контролен меч
Денеска во првиот од двата контролни натпревари македонската сениорска машка ракометна репрезентација во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје ја совлада Грција со 33:30.
Препорачано
После првите 30 минути нашите најдобри ракометари исто така имаа три голови разлика (18:15). Највисоката позитива македонската селекција во текот на натпреварот ја стекна во текот на вториот дел кога изнесуваше „плус седум“ (26:19).
Тоа беше втор тест за избраниците на селекторот Кирил Лазаров во подготовките за настапот на Европското првенство во Германија (10-28 јануари 2024 година).
Како што е најавено, од затворен тип ќе биде утрешниот втор пријателски меч меѓу Македонија и Грција.
Во составот на Лазаров недостасуваа Н. Маркоски поради повреда и Пешевски поради болест.
Во денешниот дуел најефикасен во нашите редови беше Лазаревски со осум голови, два помалку запиша Ненад Костески. Голманот Митревски придонесе во триумфот со осум одбрани.
На спротивната страна прв стрелец беше Палијапас со девет постигнати голови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
9мин
-
47мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5