фото: kfm.com.mk

Најдобрите македонски каратисти ќе учествуваат на Европското првенство во Гвадалахара

Во салата „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во Скопје се одржа плеј-оф натпреварот за сениори во карате.

Победниците од ова првенство ќе бидат учесници на Европското првенство кое ќе се организира од 22 до 26 мај 2023 година во Гвадалахара, Шпанија.

Во категоријата Ката сениори (жени) првото место го освои Мартина Арсовска („Гладијатор“ – Велес). Потоа, во Ката сениори (мажи) првопласиран е Кристијан Бајовски („Фунакоши Гичин“ – Скопје)“.

Во Кумите сениори (жени) -61 кг. на првата позиција се најде Вероника Костовска („Олимпик Спорт 2007“ – Скопје), а во Кумите сениори (мажи) 84 +кг. најдобар е Стефан Стојановиќ („Макпетрол МКД“).

Во продолжение сите официјални резултати од плеј-оф за сениори 2023:

Ката сениори (жени)
1. Мартина Арсовска
2. Јован Манчевска
3. Анастасија Минговска

Ката сениори (мажи)
1. Кристијан Бајовски
2. Марко Бунтески
3. Давид Спасовски

Кумите сениори (жени) -50 кг.
1. Теодора Цветкоска
2. Сејхан Сали

Кумите сениори (жени) -55 кг.
1. Јована Георгиева
2. Марија Петровска
3. Дрилона Хани

Кумите сениори (жени) -61 кг.
1. Вероника Костовска
2. Симона Заборска
3. Викторија Јовановска

Кумите сениори (жени) -68 кг.
1. Ангела Мојсовска
2. Магдалена Божиновска
3. Лоријана Рамо

Кумите сениори (жени) 68+ кг.
1. Бојана Манева
2. Симона Симовска
3. Мелиха Омеровиќ

Кумите сениори (мажи) -60 кг.
1. Фахик Весели
2. Бојан Костов
3. Усаме Бахтијари

Кумите сениори (мажи) -67 кг.
1. Емил Павлов
2. Давид Петков

Кумите сениори (мажи) -75 кг.
1. Петар Заборски
2. Доан Османи
3. Мурсељ Мисини

Кумите сениори (мажи) -84 кг.
1. Петар Спасеновски
2. Витомир Трајковски
3. Хамза Зулали

Кумите сениори (мажи) 84+ кг.
1. Стефан Стојановиќ
2. Глигор Петков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот