Фото: Natasa Andonova/FB

Најдобрата македонска фудбалерка по пет години заминува од Леванте

Maкедонската најдобра фудбалерка, Наташа Андонова од наредната сезона ќе има нов клуб бидејќи си заминува од тимот на Леванте.

Андонова во клубот од Валенсија помина пет години, а сега ќе побара нов предизвик во кариерата.

Дресот на Леванте го носеше на 140 официјални натпревари во кои постигна 24 гола. Во кариерата претходно, Андонова го носеше дресот на Барселона, ПСЖ, Розенгард и Турбине Потсдам, додека во Македонија настапуваше за Борец и Тиквешанка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот