Мирјана Најчевска / фото: Канал 5

Најчевска: Претходната корумпирана власт е заменета со друга, која „легна на брашното“ за „Бехтел и Енка“

Професорката Мирјана Најчевска вечерва во „Само вистина“ на „Канал 5“ зборуваше за корупцијата во македонскиот систем, потхранета од големите политички партии.

„Сега, претходната корумпирана власт е заменета со друга. Само го продолжуваат она што го имаа наследено од тие пред нив. На пример договорот со „Бехтел и Енка“, со којшто ја извадија на виделина корупцијата на претходната власт, сега кога дојдоа на власт само си легнаа на брашното. Во моментот во нашите политички партии нема капацитет да ја извадат Македонија од сосојбата во која се наоша. Оваа власт нема моќ да се справи со корупцијата. Нам ни треба експертска технократска влада, која што ќе ги постави основите на демократскиот систем и ситемот на владеење на правото. Стануваме нација што нема помнење“, рече таа.

„На сите заштитни механизми ќе ставиш, борци, „тепачи“. На чело со ЈО „тепач“ на ДКСК „тепач“, на чело на суд „тепач“, да немаат ниту дамка, луѓе со интегритет, да можат за се справат со се она што се случува. Државата не е претпријатие, не смее државата да се гледа како бизнис структура“, рече Најчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот