
Најбогатата девојка на ОнлиФанс со неочекувана порака: „Не се впуштајте во ова – одете на факултет“
Софи Рејн, контроверзната 20-годишна инфлуенсерка и ѕвезда на ОнлиФанс, минатата година заработи неверојатни 40 милиони евра, освојувајќи го врвот на платформата неколкупати по ред.
Препорачано
Но, и покрај финансискиот успех, денес таа испраќа сосема неочекувана порака до младите девојки: да размислат двапати пред да се одлучат за кариера на ОнлиФанс.
„Обидете се со сѐ што можете пред да се впуштите во оваа работа. За жал, јас не можев да си дозволам факултет бидејќи моето семејство немаше доволно пари. Ако вие ја имате таа можност, искористете ја. Студирајте, дипломирајте! ОнлиФанс нека ви биде последната опција“, вели таа.

Рејн истакнува дека не жали за одлуките што ја донеле од социјална помош и келнерство до приватни авиони за помалку од две години. Но, признава дека животот што го живее е далеку од лесен.
„Работата е многу потешка отколку што изгледа. Ако потекнував од финансиски посигурно семејство, веројатно ќе изберев поинаков пат. Но, луѓето мислат дека неколку секси фотографии ќе ви донесат милиони, тоа е најголемата заблуда. Прво мора да изградите препознатливо име и да имате следбеници. А психолошки, целиот процес е многу потежок отколку што изгледа во сјајните објави“, вели инфлуенсерката.

Денес, Рејн заработува околу четири милиони долари месечно, патува исклучиво со приватни авиони и вели дека речиси не може да излезе во јавност, а да не биде препознаена.
„Горда сум на себе и ми се допаѓа што сум број еден на Онлифанс. Но, само мал број девојки можат да го постигнат ова“, заклучува таа.