Фото: ФК Тетекс

Најавени подобри денови: ФК Тетекс има нов претседател

Фудбалскиот клуб Тетекс кој поминуваше низ тешки денови денес доби нов управен одбор.

За нов претседател на клубот е избран Бобан Вучевски кој им се обрати на присутните и вети подобри денови.

Најпрво сакам да ви се заблагодарам за вашето присуство на денешната прес конференција.

Голема е честа да зборувам пред сите вас, но уште поголема е честа што токму јас сум избран да бидам Претседател на управниот одбор на нашиот клуб ФК ТЕТЕКС Тетово.
Упатувам голема благодарност и на верните навивачи што ме предложија во овие тешки моменти, да помогнам за повторно обединување и функционирање на клубот.

Како што ви е познато на повеќето од вас, па и на јавноста, клубот го наследуваме во лоша состојба, без соодветен кадар на фудбалери, соодветен стручен штаб, минусно салдо и долгови.

Затоа, нашата цел ќе биде да се обединиме, сите верни фанови, тетовчани, љубители на фудбалот и спортот со заеднички сили да го вратиме клубот онаму каде што припаѓа.
Ветуваме дека со сите сили ќе се бориме и секој натпревар во втората полусезона ќе го играме како да ни е финале. Значаен ќе биде секој гол, секој бод, секоја победа за наш опстанок и спас на клубот.
Воедно, испраќаме апел до сите заинтересирани, од различна професија ( поранешни и сегашни фудбалери, легенди, спортски доктори, тренери и сите останати ) кои можат да дадат некаков придонес во клубот, да се пријават.

Дел од нашата мисија во наредниот период ќе биде и посета на регионални компании за да побараме парична помош и финансиски да закрепнеме, за да не дозволиме згаснување на овој бренд кој функционира речиси 70 години.

Отворени сме за секој кој што смета дека може да помогне, и го повикуваме да се приклучи кон оваа иницијатива, затоа што само сите заедно, сплотени, верувам дека можеме многу повеќе да допринесеме са клубот и да успееме во нашиот план. Да донесеме големи резултати и да го вратиме ФК ТЕТЕКС на старите победнички патеки и славни времиња.

УПРАВНИОТ ОДБОР ГО СОЧИНУВААТ:

1. Бобан Вучевски
2. Ивица Хаџииљоски – Чајка
3. Драгољуб Јовановски
4. Перо Јовановски
5. Живко Антовски
6. Бобан Мишевски
7. Ненад Спасоски – Зец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот