Јулијан Нагелсман/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Нагелсман останува селектор на Германија и по Европското првенство 2024

Јулијан Нагелсман (36) го продолжи договорот и ќе остане селектор на германската репрезентација до 2026 година, соопшти Германската фудбалска федерација (ДФБ).

Не само што ќе ја води репрезентацијата на овогодинешното Европско првенство чиј домаќин е токму Германија, туку треба да остане до Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

Нагелсман ја води Германија од септември 2023 година и првично потпиша договор до крајот на ЕП. Со оглед на тоа што тој договор истекуваше во јули, Нагелсман беше фаворит да стане нов тренер на Баерн откако Томас Тухел ќе се повлече на крајот од сезоната.

Сепак, дојде до пресврт, Нагелсман останува во репрезентацијата и големо разочарување е за раководството на Баерн и неговите оперативци Кристоф Фројнд и Макс Еберл, кои сакаа да го вратат во клубот што го водеше на 84 натпревари меѓу јули 2021 и март 2023 година.

– Срцето одлучи. Голема чест е да се тренира репрезентацијата и да се работи со најдобрите играчи во земјата. Со успешни, страсни настапи, имаме можност да ја инспирираме целата земја. Бев навистина трогнат од победите против Франција и Холандија во март. Сакаме да настапиме заедно на домашното Евро, навистина се радувам на тоа – рече Нагелсман за официјалната веб-страница на ДФБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот