
ФОТО | Надреално убави: Софија Лорен го прослави 91. роденден во друштво на сваќата од Србија
Легендарната италијанска дива Софија Лорен на 20 септември го прослави својот 91. роденден во Женева, опкружена со најблиските. Славењето, кое го организираше нејзиното семејство, стана вистински празник на стилот и љубовта, а детали од вечерта сподели нејзината снаа, холивудската актерка Саша Александер, која е од српско потекло.
Препорачано
„Среќен роденден, Софија! Те сакаме!“, напиша Александер на Инстаграм, објавувајќи фотографии од свечената атмосфера и роденденската торта на една од најубавите жени во историјата на филмот.

На прославата, до синовите на славната актерка, Едоардо и Карло Понти помладиот, седеше и мајката на Саша Александер, Добрилa Добрињаковиќ (89) од Белград, во јавноста позната како Лула. Сваќата на Софија Лорен предизвика воодушевување со својот изглед, држење и елеганција, покажувајќи дека годините се навистина само бројка.
„Живеат со љубов и со јасна цел, затоа и изгледаат толку беспрекорно,“ напиша Александер, опишувајќи ја неверојатната харизма на својата мајка и свекрвата Софија Лорен.

Александер, чие вистинско име е Сузана С. Добрињаковиќ, е 53-годишна актерка родена во Лос Анџелес, но со гордост го истакнува своето српско потекло. Течниот српски јазик веќе неколку пати го демонстрираше во американски телевизиски програми.