Фото: EPA-EFE/LUKASZ GAGULSKI

Надлежните открија како коронавирусот стигнал во Европа?

Германец на 33-годишна возраст можеби е првиот Европеец кој бил заразен со новиот коронавирус и тој го пренел на други жители на европските земји, пренесува „Б92“.

Ова тврдење е изнесено во писмо на германските лекари, кое го пренесе списанието „Њу Ингланд џурнал оф медисин“.

Тој на 24 јануари имал респираторни симптоми и висока температура, а кога му изгледало дека неговата здравствена состојба се поправила, се вратил на работа на 27 јануари.

Претходно бил на состанок на кој присуствувала и негова колешка од Шангај која престојувала во Германија од 19 до 22 јануари.

За време на престојот во Германија таа немала никакви пречки, но по враќањето во Кина започнала да се чувствува полошо, а на 26 јануари е потврдено дека е заразена со коронавирусот, пренесува италијански „Кориере дела сера“.

Жената ги информирала германските партнери кои потоа се тестирани за коронавирус, а кај 33-годишниот маж е потврден првиот случај на заразата.

По него, уште тројца Германци кои присуствувале на состанокот со партнерката од Шангај биле позитивни на коронавирусот.

Во текстот се напоменува дека во овој случај инфекцијата се пренела кога симптомите биле многу благи и неспецифични.

Германските лекари затоа предупредуваат дека вирусот во големи количини се наоѓа во плунката на човекот и во периодот на неговото опоравување, што претставува проблем за пренесување на вирусот и по престанувањето на симптомите.

„Фактот дека инфекцијата може да биде присутна во организмот и откако симптомите ќе исчезнат веќе е познато“, потврдува Волтер Ричарди, претставник на Извршниот одбор на СЗО.

Инфектолозите истакнуваат дека поради тоа е многу важен надзор над пациентите кои се отпуштени по хоспитализацијата и препорачуваат редовно да им се зема брис и по нивното отпуштање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот