Платежна картичка / терминал

Надградбата на системот ги стопира паричните трансакции на Стопанска банка

Наградба на системот за картично работење предизвика прекин на користењето на картичките на Стопанска банка во денеска претпладне, дознава „Слободен печат“. Граѓаните кои стоеја пред касите во маркетите ги оставаа производите и трчаа до банкоматите, но и таму добиваа ливчиња дека транскацијата е неуспешна. Иако од Бнката уверуваа дека прекинот ќе трае кратко, тоа предизвика револт кај граѓаните, кои сметаат дека треба да добијат претходно известување, а такво нешто, воопшто не смее да се прави во работно време.

Банката на 12 декември извести дека во среда на 13 декември во раните утрински часови помеѓу 01:00 до 03:00 во траење до 60 минути, се планирани активности поради кои е можен краткотраен комуникациски прекин, што може да се одрази на достапноста на дигиталните канали, картичното работење, ПОС и банкоматите.

-Банката за одржување и унапредување на своите комплексни системи спроведува ваков вид на активности во часови со најмал обем на активност на клиентите – стои на веб страницата на Стопанска банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот