Куќата на Агата Кристи / Фото Профимедиа

Над сто туристи останале заробени во куќата на Агата Кристи поради силно невреме

Повеќе од сто луѓе биле заробени поради невремето неколку часа во Гринвеј, поранешната викендица на познатата британска писателка Агата Кристи, објави Си-Ен-Ен, додавајќи дека целиот настан неодоливо потсетил на ситуации од нејзините криминалистички романи. Група туристи не можеле да излезат од Гринвеј во Девон, југозападна Англија, откако во петокот невремето соборило дрво и им го блокирал патот.

Каролин Хевен, турист кој го посетил Гринвеј, контактирал со локалниот медиум Девон Лајв за да ја пренесе веста дека околу 100 туристи се заробени во поранешната викендичка на Агата Кристи. Британскиот „Нешонал труст”, кој управува со историскиот локалитет, брзо објавиле порака на својата веб-страница, во која соопштиле дека големо дрво паднало на патот што води до Гринвеј.

Портпаролот на „Нешонал труст” рече дека е свесен дека има „посетители, персонал и волонтери кои сè уште не можат да го напуштат Гринвеј“, додавајќи дека тие „прават сѐ“ за да се осигураат дека им е удобно додека чекаат.

Заглавените туристи додека чекале помош, пиеле чај во ресторанот, изјави Хевен за Девон Лајв. Самата Кристи била позната по тоа што поминувала часови на тревниците на Гринвеј, играјќи голф и крикет и забавувајќи ги гостите со извадоци од нејзините најнови детективски романи, според веб-страницата на Националната фондација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот