ЈЗУ Институт Козле /Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Над 30 случаи сомнителни за туберкулоза, повеќето се деца

Уште 22 деца и десетина возрасни од привремени живеалишта за социјално ранливи групи се тестирани во детската болница во Козле и во Институтот за ТБЦ, а резултатите треба да покажат дали ја имаат заразната болест туберкулоза, објави „Телма“.

Овие сомнителни случаи се поврзани со трите деца кои се веќе хоспитализирани во болницата „Козле“ и со пациентот кој е на респиратор на Клиниката за детски болести.

„Ние имаме термини кога ги правиме тие манту-тестови и ќе ги повикуваме и по анализите ќе знаеме каква е состојбата. Возрасните ќе одат во Институтот за ТБЦ и ако некој од нив е позитивен ќе биде полесно за нас да ги следиме децата“, вели д-р Катерина Бошковска, раководител на оддел за туберкулоза во детска болница Козле.

Лекарите смируваат дека нема простор за паника, но и повикуваат да не се стигматизираат луѓето кои можеби имаат туберкулоза. Во болницата немаат детален преглед за вакциналниот статус на сите деца, бидејќи дел од нив немале здравствени легитимации.

Бројот е голем бидејќи се многудетни семејства. Но и ковид-пандемијата си го направи своето, ние три години бевме сконцентрирани на лекување на ковид и имаме пораст на туберкулоза, но и на други заболувања како кардиоваскуларни, малигни, вели д-р Бошковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!