Фото: МИА

Над 107 илјади сметки биле блокирани во БиХ во јули

Во јули во БиХ беа блокирани 107.443 сметки на деловни субјекти, што е за 110 повеќе отколку на крајот на претходниот месец, објави Централната банка на БиХ. До 1 август, 58.755 компании имаа блокирано барем една сметка, што е за 32 повеќе отколку во јуни.

Според податоците од Централната банка во БиХ, блокирани се 107.333 сметки на деловни субјекти. Во овој месечен извештај за блокирани сметки во Регистарот на трансакциски сметки на Банката, наведени се правни субјекти од различни области – општини, економски претпријатија, спортски и здравствени организации, задруги, агенции, здруженија и субјекти кои се занимаваат со услужни дејности. Заклучно со јуни, блокирани се 107.333 сметки на деловни субјекти, додека 58.723 компании имале блокирана барем една сметка, информира Фактор.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот