
На жените во израелската војска ќе им биде забрането да бидат чувари во затворите откако една имала секс со палестински затвореник
На жените во израелската војска ќе им биде забрането да служат како затворски чувари со висока безбедност по обвинувањата за секс со палестински затвореник, пренесува Би-Би-Си.
Препорачано
Израелските медиуми наведуваат дека жената признала дека имала физичка интимност со Палестинец за кој се вели дека извршил смртоносен напад врз израелски цивили.
Се смета дека жената била на воена служба која е задолжителна за мнозинството Израелци.
Жените мора да служат најмалку две години, а мажите 32 месеци.
Името на жената и затвореникот кој издржува доживотна затворска казна не се соопштени.
Судот кој го расправал случајот наредил други детали, вклучително и локацијата на затворот да не се откриваат.
Израелските медиуми, исто така, објавија дека за време на испрашувањето, жената – која е уапсена – тврдела дека четири други жени исто така имале интимни односи со истиот маж.
Палестинскиот затвореник бил префрлен од неговата ќелија во одвоено крило пред сослушувањето, соопшти израелската затворска служба (ИПС).
Во петокот, властите објавија дека женските војници повеќе нема да служат во затворите со висока безбедност во кои се држат палестински „терористи“.