Парада на гордоста - архива / Фото EPA-EFE/MOURAD BALTI TOUATI

На вработените во Бундестагот им е забрането да учествуваат на Парадата на гордоста

Неколку социјалдемократски членови на Бундестагот доставија протестно писмо до претседателот на Парламентот, изразувајќи го своето негодување што на вработените во Бундестагот им е забрането официјално учество на Парадата на гордоста.

„Го сметаме тоа за погрешно и ако ја земеме предвид моменталната состојба во општеството, за фатален потег“, се вели во писмото на групата претставници на Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Претставниците на СПД, истакнаа дека вредности како што се заштитата на човековите и малцинските права се промовираат на настани на кои на вработените во Бундестагот сега им е забрането официјално учество.

Претседателот на Бундестагот неодамна воведе забрана за политички протести и јавни настапи поради почитување на обврската за политичка неутралност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот