Фото МИА

На УКИМ има 9.921 слободно место за бруцошите, најмногу на ФИНКИ и ПМФ

Министерството за образование и наука ги објави квотите за упис во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година.

На Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје има вкупно 9.921 слободно место, од кои 4.761, се за редовни кои се финансираат од Буџетот и плаќаат 200 евра партиципација, а 4.210 се за редовни со школарина, кои плаќаат по 400 евра.

Најмногу слободни места има на Факулететот за информатички науки и компјутерско инжиерство (ФИНКИ) – 1020 и на Природно-математичкиот факултет – 1030 слободни места.

Првиот уписен рок на факултетите е кон крајот на август, додека вториот и третиот уписен рок се во септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот