НА УФЦ борец му испаѓаа забите од добиениот ќотек (ВИДЕО)

Најмоќната организација за мешани боречки спортови, УФЦ, вчера ја организираше втората приредба во време на пандемијата на коронавирусот, повторно во Џексонвил, Флорида.

Во главната борба на вечерта, Ентони Смит доби страшен ќотек од кој почнаа да му испаѓаат забите.

Смит кој минатата година се пореше за шампионската титула во полутешка категорија против неприкосновениот Џон Џонс, во дуелот со Гловер Тешеира подобро ја започна борбата и ја доби првата рунда.

Но, во продолжение од борбата постоеше само еден човек, 40-годишниот Гловер Тешеира, кој му нанесе тешки повреди на Смит.

Во еден момент од силните удари почнаа да му испаѓаат забите на Смит, а тој упорно еден заб го држеше во раката и го покажуваше на судијата. Смит се пожали и на своите тренери кои изненадувачки, на крајот од четвртата рунда одлучија да ја продолжат борбата.


Агонијата на Смит ја запре судијата во петтата рунда иако многумина мислат дека ваквата одлука требаше да биде донесена многу порано.


– Јас би ја прекинал борбата, неговите тренери донесоа многу погрешни одлуки, а можеа да му помогнат да не биде нокаутиран – изјави во текот на борбата, Даниел Кормие, кој е предизвикувач за титулата во тешка категорија, а работи и како стручен аналитичар.

Реагираа и дел од борците кои ја следеа борбата и ги нападнаа тренерите на Смит.
„Тренеру кој к*р е ова? Ова е тешко да се гле4да, не сакам да глердам како Смит добива таков ќотек“, порача Мајкл Киеза, а слично размислување имаше уште еден борец, Мајк Пери „Тренерите треба да го спасат својот борец“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот