
„На убавиот син Дунав“ на Јохан Штраус ќе се слушне и во вселената, до Месечината ќе стигне за една и пол секунда
Валцерот „На убавиот син Дунав“ од Јохан Штраус ќе биде емитуван во вселената по повод 200-годишнината од раѓањето на големиот композитор и кралот на валцерите.
Препорачано
Ова класично дело, кое ќе го изведе Виенскиот симфониски оркестар, ќе биде емитувано во вселената во форма на радиосигнал на 31 мај, што истовремено ќе ја одбележи 50-годишнината од основањето на Европската вселенска агенција ЕСА, објави АП.
Публиката ќе може бесплатно да го следи целиот настан на големи екрани поставени во Виена, Мадрид и Њујорк.
Радиосигналите ќе патуваат со брзина на светлината, односно побрзо од милијарда километри на час, па така Штраусовиот валцер ќе стигне до Месечината за секунда и пол, до Марс за четири и пол минути, додека до Јупитер ќе стигне за 37 минути, а до Нептун за четири часа.
Американската вселенска агенција НАСА, исто така, ја одбележа својата 50-годишнина во 2008 година со директно емитување музика во вселената.
Таа чест му припадна на хитот на Битлси „Across the Universe“, а минатата година НАСА ја емитуваше песната на Миси Елиот „The Rain (Supa Dupa Fly)“ во правец на планетата Венера.