ПЦР тест / Фото: Архива

На „Табановце“ откриени фалсификувани ПЦР тестови

На 11 и 12.02.2022 на граничен премин Табановце, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце и од Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север откриени се 5 фалсификувани ПЦР тестови и 3 возила кои вршеле превоз на патници без соодветна документација.

Имено, на 12.02.2022, при пасошка контрола, било констатирано дека О.Б.(51) од Скопје, Т.Т.(28) од Скопје, Д.М.(28) од с.Тромеѓа, кумановско, Д.Г.(56) од Кочани М.П.(61) од Скопје приложиле фалсификувани ПЦР тестови. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 11 и 12.02.2022, при контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.П.(54) од Скопје, патничко возило „митсубиши”, управувано од З.Б.(26) од Струмица и возило комби, управувано од Ж.Г.(46) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Цути бизнисот со лажните вакцинални сертификати и ПЦР-тестови

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот