„На таа пара…“: Пилот на „Бритиш ервејс“ крадел сокови и сендвичи, а зема плата од 16.000 евра

Искусен пилот на британската авиокомпанија „Бритиш Ервејс“ е фатен како се послужува со сокови, кафе и сендвичи од кафетеријата на компанијата без да плати, пишуваат британските медиуми.

Пилотот (кој работи за „Бритиш ервејс“ повеќе од две децении) бил постојано сниман од безбедносните камери како зема храна и пијалоци од самопослужната кафетерија, а потоа, наместо да ги скенира баркодовите и да плати, си заминувал со парите во џеб и храната и пијалоците во раце.

Инструкторот по летање ги обучува и сертифицира идните капетани за летање со „Ербас А380“. Тоа е најголемиот авион во флотата на британската компанија, а со оглед на искуството и знаењето на пилотот – неговата плата исто така е голема – тој годишно добива околу 170.000 фунти (околу 196.000 евра), што значи дека месечните примања му се над 16.000 евра.

Откако бил сниман од камерите, капетанот бил повикан на разговор со менаџментот. Иако однесувањето било повторено, тој добил само опомена, без сериозна дисциплинска мерка, иако е едноставно неверојатно дека некој што заработува таква плата би крадел за да заштеди ситни суми.

Во истиот извештај се наведува и дека неколку високи менаџери биле забележани како не плаќаат за храна и пијалоци, а им биле дадени и предупредувања. Сепак, благиот одговор предизвика критики, бидејќи се верува дека некој од персоналот од понизок ранг, како што е кабинскиот екипаж кој заработува помалку од 30.000 фунти годишно, веројатно би бил отпуштен за истото дело.

Неодамна, „Катар ервејс“ отпушти член на кабинскиот екипаж по потврден случај на кражба за време на лет во бизнис-класа помеѓу Доха и Сингапур.

Кражбата се случила на 28 март 2025 година, кон крајот на летот Доха-Сингапур. Патник во бизнис-класа накратко го оставил телефонот во тоалетот пред да слета во Сингапур. Кога се вратил неколку моменти подоцна, уредот го немало. Истрагата покажала дека телефонот се наоѓал во хотел за екипаж во Сингапур, а потоа бил преместен на Филипините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот