Фото: илустрација / Rawpixel

На Стража истура снег, а сега и снемало струја – во темница се и пет околни села

Снегот, кој започна утрово на планинскиот превој Стража на патот Гостивар-Кичево и вечерва силно паѓа, а од околу 21 часот, целиот регион со пет околни села е и без струја, информираат од ЕВН.

„ЕВН Дистрибуција“ известува дека „непланиран прекин“ на снабдување со струја има на превојот „Стража“ и во селата Вранештица, Цер и Црско, Кладник, Велмевци и Прострање. Екипите на компанијата се на терен и вложуваат напори за што побрзо стабилизирање на електричната енергија во регионот, велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот