Фото: FIBA

На српски коментатор му се слошило по шокантниот пораз од Финска

Репрезентацијата на Србија неочекувано го заврши својот настап на Евробаскетот уште во осминафиналето, откако загуби од Финска со резултат 92-86. Поразот предизвика бурни реакции во јавноста, а натпреварот имал и драматична завршница надвор од теренот.

Како што пренесуваат српските медиуми, на познатиот спортски коментатор Слободан Шаранец му се слошило веднаш по завршувањето на средбата. Коментаторот кој работи за „РТС“ веднаш со возило на брзата помош бил пренесен во болница каде што му била укажана помош.

Според последните информации, Шаранец е во стабилна состојба, а дополнителни детали околу неговото здравје се очекуваат во текот на денот. Шаранец ја следеше репрезентацијата на Србија и ги пренесуваше сите натпревари на овој Евробаскет.

ВИДЕО | Заврши Евробаскет за Србија, во четвртфиналето ќе игра Финска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот