
На скопјани најмногу им смета ѓубрето, бараат редовно да се чисти
За помалку од една година, граѓаните на отворената мејл адреса на Град Скопје [email protected], испратиле вкупно 3.680 барања барајќи од надлежните да ги решат бројните проблеми со кои се соочуваат.
Препорачано
Најголемиот број граѓани на овој меил побарале поставување на заштитни столпчиња на тротоарите со цел слободно и олеснето движење за пешаците, потоа, чистење на диви депонии, а испратени биле и голем број на барања за интервенција на градските инспектори по однос на несовесното постапување од страна на поединци при одлагање на комунален отпад и загадувањето на животната средина.
– Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека на електронската адреса [email protected] може да ги пријавуваат предизвиците со кои се соочуваат во средината во која што живеат, а кои се од надлежност на Градот Скопје. Стручните служби во Градот Скопје се задолжени да одговорат на нивните барања или да ги решат во рок до 72 часа. Со тоа се овозможува брза и непосредна интервенција на терен за пофункционален град во служба на граѓаните – информираат од Град Скопје од каде што велат дека од вкупниот број на доставени барања, до сега решени се 2.830 од нив.