
На режисерка ѝ се поткина маицата на сцена, Брендан Фрејзер со џентлменски гест го освои фестивалот во Торонто
Брендан Фрејзер уште еднаш покажа зошто обожавателите го сметаат за еден од најголемите џентлмени во Холивуд. За време на премиерата на неговиот нов филм „Изнајмено семејство“ на Филмскиот фестивал во Торонто, актерот без двоумење ѝ притрча во помош на режисерката Хикари, откако таа доживеа незгода со гардеробата.
Препорачано
Инцидентот се случи во саботата, 6 септември, кога Фрејзер (56) и Хикари го претставуваа филмот. Додека зборуваше, на режисерката ѝ пукнаа прерамките од беж топ, па таа збунето изусти: „О боже, погледнете, ја скинав“. Фрејзер веднаш застана пред неа со раширени раце за да ја закрие од публиката. Кога сфати дека топот сепак стои на место, тој се врати на својата позиција.
„Не го планирав ова“, се пошегува Хикари и се обрати кон еден гледач: „Еј, спушти го телефонот. Се шегувам! Сними го ова, мора да се сеќаваме цел живот.“ На тоа Фрејзер додаде низ смеа: „Незгода со гардеробата!“
@tiff_net Wardrobe malfunction? Brendan Fraser to the rescue 🥹 He jumped in to cover HIKARI during a wardrobe mishap at the #TIFF50 World Premiere of RENTAL FAMILY. 🛡️ #brendanfraser #hikari #rentalfamily @Searchlight Pictures ♬ original sound – TIFF
Неговата брза и кавалирска реакција предизвика лавина позитивни коментари на социјалните мрежи. „Начинот на кој веднаш скокна пред неа“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Толку е сладок, видно загрижен и се обидуваше да помогне“. Трет пак заклучи: „Брендан Фрејзер е чиста класа“.
Филмот „Изнајмено семејство“ е првата главна улога на Фрејзер по оскаровската изведба во драмата „Китот“ (2022). Радњата е сместена во Токио и го следи американски актер во криза кој прифаќа необична работа – да глуми „изнајмени“ членови на семејства за јапонска агенција. Во приказната постепено почнува да гради искрени врски со клиентите, замаглувајќи ја границата меѓу актерството и реалноста.
Во филмот играат и Такехиро Хира, Мари Јамамото, Шенон Горман и Акира Емото.
По проекцијата, Фрејзер откри дека за улогата научил јапонски јазик.
„Не сум баш добар ученик, но сум одличен имитатор“, изјави тој, објаснувајќи дека колегите од сетот му помагале со изговорот непосредно пред снимањето.
„Многу брзо станав добар во тоа“, рече актерот и нагласи дека јапонските колеги „толку добро се грижеа за него“ за време на снимањето.