
На ова чекаа повеќе од половина век: Бугарија ќе игра финале на Светско првенство во одбојка
Репрезентацијата на Бугарија избори пласман во големото финале на Светското првенство на Филипините, откако во полуфиналето ја совлада селекцијата на Чешка со 3:1 во сетови (25:20, 23:25, 25:21, 25:22).
Препорачано
За Бугарите ова е прво финале на едно Светско првенство по цели 54 години, последен пат беа финалисти далечната 1970 година, кога на домашен терен стигнаа до сребрениот медал, а титулата ја освои тогашна Источна Германија. Во новото финале, Бугарија ќе се сретне со победникот од второто полуфинале меѓу Полска и Италија.
Историски гледано, Бугарија никогаш не успеала да стигне до злато на големите натпреварувања. Освен среброто од СП и ЕП, имаат и четири бронзени медали, како и финале на Олимписките игри во Москва 1980.
Најзаслужен за триумфот против Чешка беше 22-годишниот Александaр Николов, кој одигра брилијантен натпревар и средбата ја заврши со 31 поен, 27 поени од напад, еден блок и три аса.
Неговиот помлад брат, 18-годишниот Симеон Николов, имаше одлична улога во офанзивната организација на играта и додаде девет поени, пет во напад, два од блок и два директни поени од сервис.
Од другите избраници на италијанскиот селектор Џанлоренцо Бленџини, се истакнаа и Алекс Грозданов со 12 поени, Асарпух Асарухов со 10, Мартин Атанасов со осум и Илија Петков кој додаде пет поени.
Преземено од: Спорт.ком.мк