Фото: Profimedia

На милијардерите „не им доаѓа памет“ – уште еден сака да нурне со подморница до „Титаник“

Пред две години, Стоктон Раш почина додека ја управуваше својата експериментална подморница до местото на несреќата на бродот „Титаник“.

Тој пловеше под морето заедно со уште четворица, вклучувајќи го пакистанскиот бизнисмен Шахзад Давуд (опишан како милијардер) и неговиот син тинејџер.

Компанијата на Раш, „Оушенгејт“, заработуваше пари со додворување на богати клиенти за да ги носи на патување до подводното место, но сè заврши со несреќна имплозија.

Се чини дека тоа не го одвратило другиов милијардер кој посакал да ги посети длабочините во кои се наоѓаат остатоците на технолошката гордост „Титаник“.

Њујорк пост“ цитира неименуван извор кој тврди дека некој се подготвува да оди до „Титаник“ за неколку недели. Станува збор за личност позната на пошироката јавност, која е подготвена да плати десет милиони американски долари за овој потфат.

Пред нешто повеќе од една година, Би-би-си објави дека милијардерот кој се занимава со нафта и недвижности Лари Конор има намера да го посети потонатиот „Титаник“.

За разлика од Стоктон, Конор рече дека не би размислувал да нурка до локацијата на „Титаник“ пред подморницата што планира да ја користи да биде целосно сертифицирана.

Станува збор за Triton 4KM/2 Abyssal Explorer од Triton, подморница што донекаде наликува на машина за кафе. Треба да се користи за едукација и унапредување на истражувањата на океанот. Компанијата што ги произведува во моментов не нуди приватни патувања со нив.

Порано оваа година, беше објавено дека „донатор со длабоки џебови“ го финансира DEEP, проект чија цел е создавање трајна човечка населба во океанот, пишува Gizmodo.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот