Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

На Ливерпул му е потребен бод против Тотенхем за да ја освои 20 титула во Премиер лигата
Сè е подготвено за големата прослава на „Енфилд“, фудбалерите на Ливерпул денеска ќе го пречекаат Тотенхем на домашен терен во 17.30 часот и еден бод им е доволен за да ја освојат својата 20 титула во Премиер лигата.
Препорачано
Секако, филозофијата на тренерот на клубот Арне Слот не е да се задоволи со бод, па затоа „Црвените“ ќе одат на победа и на овој натпревар, што го најавува холандскиот стручњак.
– Цела година се бориме за ова. Дојдовме во ситуација каде што можеме да ја освоиме титулата пред нашите навивачи и ќе направиме сѐ што можеме да ја искористиме. Сепак, не заборавајте дека Тотенхем е многу квалитетен тим кој има свои амбиции во овој натпревар и мораме да бидеме максимално фокусирани за да ја исполниме целта и да ги направиме нашите навивачи среќни – рече Слот.
Според медиумските извештаи на Островот, работата на домашните играчи би можела да се олесни бидејќи Тотенхем доаѓа на „Енфилд“ многу опуштен.
Очигледно, во Лондон решиле да одморат неколку играчи пред натпреварот од Лигата на Европа против Бодо Глимт закажан за следната недела, што е од најголема важност за тимот на Анге Постекоглу, бидејќи имаат амбиции да триумфираат во ова натпреварување, додека од друга страна се наоѓаат на дури 16 позиција на табелата во Премиер лигата.
Anfield awaits. pic.twitter.com/vVrnlHQ6Fs
— Liverpool FC (@LFC) April 26, 2025
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5