Фото: Јутјуб/Принтскрин

На лицитација се продаде за неверојатни 52.000 долари: Но дали знаете колку навистина чинело култното здолниште на Кери Бредшо од „Сексот и градот“?

Најпознатата модна комбинација во серијата „Сексот и градот“ е секако светло розевото здолниште од тул што во најавната шпица на филмот го носеше главниот лик Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер (59). Здолништето во стилот на балерина доби култен статус, а своевремено беше и моден тренд.

Иако некои мислеа дека ова парче облека е дизајнирано од познат моден дизајнер, вистината е нешто поинаква.

Костимографката на серијата Патриша Филд во својата книга откри како го нашла ова парче во бутик со попуст. Филд рече дека здолништето од тул чини само пет долари.

– Замислив како ќе го комбинирам тоа кратко здолниште од тул со кроп топ и ќе постигнам изглед кој ќе биде модерен, но и кул. Здолништето во стил на балерина од тул беше авантуристичко и неочекувано, исто како и серијата „Сексот и градот“, напиша костимографот на шоуто во книгата.

Подоцна, здолништето беше вклучено на аукција наречена „Незапирливи: Потпишани стилови на иконски жени во модата“.

Иако на самиот почеток на лицитацијата се проценуваше дека здолништето може да се продаде за најмногу десет илјади евра, неговата продажна цена на крајот била многу повисока.

Според странските медиуми, култното здолниште е продадено за неверојатни 52.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот