На кои автомобили најмногу им се враќа километража?

Купувањето половен автомобил во Србија е голем ризик. И покрај растечката свест за измамите со километража, многу купувачи сè уште преплаќаат за возила со вештачки намалена километража. Нова анализа на компанијата „carVertical“ открива кои модели на автомобили најчесто се „вратени“ по километража пред продажбата.

Според податоците од 2024 година, BMW Серија 1 е на врвот по фреквенцијата на фалсификување на километражата. Анализата покажа дека кај 5,2% од сите проверени возила од овој модел, километражата е променета. По него следуваат Audi A5 (4,9% од возилата) и Citroen C4 (4,4% од возилата)

Овие податоци укажуваат дека најчести цели на измама се популарните, „премиум“ и семејните автомобили. Истражувањата покажаа дека некои модели се жртви на драстични манипулации. Имено, BMW Серија 5 имала просек од вратени 103.000 километри, Ford Focus 93.000, а Audi A6 92.000 километри.

– Ова значи дека ако километражата покаже 100.000 километри, вистинската километража може да биде двојно или дури три пати поголема – предупредува Матас Бузелис, експерт за пазар на автомобили во „carVertical“.

Затоа, тој советува секогаш да се проверува историјата на автомобилот, бидејќи сегашниот сопственик можеби не е свесен за измамата. Компанијата „carVertical“ дава увид во тоа кога е фалсификувана километражата, како и колку километри се променети.

Истражувањето вклучувало податоци собрани во текот на 2024 година од повеќе од 900 меѓународни бази на податоци, вклучувајќи регистри, финансиски институции и рекламни портали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот