На К-15 имаат право 27.000 службеници, а не цела администрација

денари
Денари / Фото: Архива на Слободен печат

Во ребалансот на Буџетот се најдоа пари и за регресот за годишен одмор на административците за кој тоа право е утврдено со колективен договор. Од целата администрација, ова право го има извојувано само Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ). За оваа намена со ребалансот се издвоени околу 4 милиони евра.

Информацијата за регресот за годишен одмор на администрацијата предизвика негодувања во јавноста и остра рекација од опозицијата. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски, во изјава за „Слободен печат“ објаснува дека право на К-15 имаат 27.000 работници, а не цела админстрација.

– Правото на регрес за годишен одмор произлегува од Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието. Овој договор е склучен пред да почне пандемијата и има сила на закон. Тоа значи дека доколку не се исплати регресот, работниците може да го бараат по судски пат и тоа да ја чини државата повеќе пари, вели Грујовски.

Тој објаснува дека покрај овој Грански колективен договор, склучени се и 30-тина колективни договори на ниво на државни работодавачи и тие договори по правило утврдуваат повисоки права. Така, во тие договори е можно минималниот износ за исплата на регрес за годишен одмор да биде поголем од 40 отсто од просечната нето плата за последните три месеци како што е во Гранскиот колективен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот