Граничен премин Табановце / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу половина час

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека на граничните премини Табановце и Богородица утринава времето на чекање е околу 30 минути, додека пак на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Оттаму велат дека од денеска до 16 септември 2025 година, на делницата Градско – клучка Дреново, која е дел од експресниот пат А1 и Коридорот 10д, ќе има изменет режим на сообраќај поради градежни активности на делницата, со што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од АМСМ апелираат за прилагодена брзина на движење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, особено кај делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот