Фото: Philipp von Ditfurth / Avalon / Profimedia

На Евровизија оваа година забранети ЛГБТК+, палестинските и „европските“ знамиња

На овогодинешниот Евровизиски натпревар ќе бидат забранети не само знамињата во боите на виножитото, кои се симбол на ЛГБТК+ заедницата, туку и палестинските и „европските“ знамиња, објави холандскиот јавен радиодифузен сервис АВРОТРОС.

Ова е всушност објаснување за одлуката на Европската радиодифузна унија ЕБУ (EBU) учесниците на фестивалот да можат да го носат само знамето на својата земја, објавија холандските медиуми.

Организацијата за правата на ЛГБТК+ заедницата, „ЦОЦ“ (COC), ја оцени оваа одлука како целосно апсурдна, пишува „НЛ Тајмс“ (NL Times). Објаснувајќи ја одлуката, АВРОТРОС нагласи дека Евровизискиот натпревар не е политички настан, па иако знамето со виножито не е политичка порака, како што наведоа, ЕБУ сакаше да го забрани прикажувањето и на тоа знаме.

Од организацијата „ЦОЦ“ изјавија дека носењето на знамето со виножито е израз на ЛГБТК+ идентитетот и дека сака холандскиот јавен радиодифузен сервис да побара од EБУ да ги повлече новите правила за прикажување на знамињата, но холандскиот јавен радиодифузен сервис одлучи да не го стори тоа.

ЕБУ вчера исто така објави дека Клод, холандскиот претставник на Евровизискиот натпревар, може да го носи само холандското знаме на сцената, а дека може да го покажува знамето на Конго, каде што живеел до својата деветта година, само во неофицијални простории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот