на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

На денешен ден – 6 септември: Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата

1962. Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е „Златниот венец“, која првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година „Златниот венец“ се доделува за целокупен поетски опус.

1998. Умре јапонскиот филмски режисер Акира Куросава, кој ја прослави јапонската кинематографија. Куросава е единствениот режисер добитник на два Оскара за најдобар странски филм. Успешно ги спои јапонската традиција и култура со европскиот сензибилитет, а критичарите го нарекоа „цар на јапонската кинематографија“. Филмови: „Седум самураи“, „Крвавиот престол“, „Идиот“, „Да се живее“ и други. Роден е во Токио, на 23 март 1910 година.

2007. Во Модена умре светски познатиот италијански тенор Лучано Павароти. На Павароти му беше поставена дијагноза рак на панкреас по што му беше направена операција. Неговата светска слава почна на 17 февруари 1971 година со настапот во њујоршкиот Метрополитен. Во 1990 година се здружи со Хозе Карерас и Пласидо Доминго. Павароти доби неколку „Греми“ награди. Поради здравствените проблеми тој се прости од настапите во 2004 година. Роден е во Модена на 12 октомври 1935 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот