Фото: ЕПА

На делегацијата на ЕУ ѝ беше забранет влез во источна Либија

На делегацијата на Европската унија, предводена од комесарот за миграција Магнус Брунер и министрите од Италија, Малта и Грција, денеска ѝ беше забранет влез во источниот дел на Либија, кој го контролира владата со седиште во Бенгази.

Министрите беа прогласени за персона нон грата и веднаш им беше наредено да ја напуштат земјата, по пристигнувањето за состанок со паралелната власт на Осама Хамад, сојузник на воениот командант Калифа Хафтар, објави Ројтерс.

Ова се случи откако претходно делегацијата се сретна со меѓународно признатата влада во Триполи. Владата во Бенгази претходно предупреди дека странските посетители мора да добијат дозвола за движење низ земјата.

Либија, поделена од 2014 година поради фракциски конфликти, останува клучна транзитна точка за мигранти на пат кон Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот