Нов температурен рекорд на Арктикот/Фото: Профимедиа

На Антарктикот никогаш не било пожешко: Потврдена нова рекордна температура

Водечките климатски научници во Обединетите нации ја регистрирааа досега највисоката забележана температура на Антарктикот, пренесуваат светските медиуми. 

Температурата од 18,3 Целзиусови степени во јужниот поларен регион, едно од најбрзо затоплувачките места на планетата, ја објави Светската метеоролошка организација.

Мерењето е направено на 6 февруари 2020 година на станицата Есперанца во Аргентина на Антарктичкиот полуостров.

Претходниот рекорд, од 17,5 степени Целзиусови беше забележан на истото место на 24 март 2015 година.

Рекордот за регионот Антарктик, што значи целиот мраз и копно јужно од географска ширина од 60 степени, е 19,8 Целзиусови степени. Ова беше забележано на островот Сигни во јануари 1982 година.

Антарктикот е 14 милиони квадратни километри, двојно поголем од Австралија.

Просечната годишна температура се движи во опсег од 10 Целзиусови степени на брегот на Антарктикот до −60 на највисоките делови во внатрешноста, известува СМО.

Неговата огромна ледена покривка е дебела до 4,8 километри и содржи 90 проценти од светската свежа вода, што е доволно за да се подигне нивото на морето за околу 60 метри ако се стопи.

„Проверката на овој максимален температурен рекорд е важна затоа што ни помага да создадеме слика за времето и климата на една од последните граници на Земјата“, рече генералниот секретар на СМО, проф. Петери Таалас.

Тој додаде дека Антарктичкиот полуостров – северозападниот врв близу Јужна Америка – е меѓу местата со најбрзо затоплување на планетата, со скок од 3 степени Целзиусови во последните 50 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот