Фото: Profimedia/Инстаграм/Минди Кејлинг

На 45 години: Ѕвездата на „Канцеларијата“ во тајност родила дете, никој не знаел дека е бремена

Американската актерка Минди Кејлинг (45), која доживеа светска слава со својата улога во комичната серија „Канцеларијата“ („The Office“), откри дека годинава станала мајка по третпат.

„Ја родив ќерка ми Ана на крајот на февруари. Таа е најдобриот роденденски подарок што можев да го замислам. Кога ми е тешко и кога се вртам кон цинизмот, моите три деца ми се потсетник на чистата радост во мојот живот“, напиша актерката во описот на својата објава, споделена на денот на нејзиниот роденден (24 јуни).

Имено, Кејлинг веќе е мајка на две деца – тригодишниот син Спенсер и шестгодишната ќерка Кетрин. И своите претходни бремености ги чуваше во тајност до крај. Исто така, непознат е и идентитетот на таткото на нејзините деца. 

Фото: Инстаграм/Минди Кејлинг
Фото: Инстаграм/Минди Кејлинг
Фото: Инстаграм/Минди Кејлинг

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!