Џес Харел / Фото: Инстаграм/Џес Харел

На 43 години: Почина британската инфлуенсерка Џес Хaрел по осумгодишна борба со рак

Британската инфлуенсерка и блогерка за ентериер, Џес Хaрел, почина на 42-годишна возраст по долга и тешка борба со рак, објави „Њујорк пост“.

Семејството преку социјалните мрежи ја соопшти тажната вест и со емотивни зборови се прости од неа.

„Нејзината позитивна енергија беше заразна, а семејството и пријателите ја обожаваа. Дури и справувајќи се со оваа страшна болест повеќе од осум години, луѓето не можеа да поверуваат колку беше силна. Повеќето и не знаеја што носи во себе, бидејќи секогаш чекореше, се смееше и одеше напред. Срцата ни се скршени и засекогаш ќе остане запаметена. Почивај во мир, љубов наша,“ стои во пораката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jess Hurrell (@_jesshurrell)


Харел беше вистинска ѕвезда на Инстаграм со повеќе од 94.000 следбеници. Преку својот блог „Gold Is A Neutral“ и профилите на социјалните мрежи редовно споделуваше инспиративни трансформации на својот дом, рецепти и семејни моменти, поради што стекна бројна и верна публика.

Пред да стане интернет-личност, Харел работеше како новинарка во дневен весник. Сепак, со раѓањето на своите деца ја напушти таа кариера и се посвети на семејството и новиот правец во животот – ентериерот.

Харел зад себе ги остава сопругот Дејвид и нивните две деца, Рафрти и Нели.

Со Дејвид, нејзината средношколска љубов, беше во врска 11 години пред да стапат во брак во 2011 година. На денот кога требаше да ја прослават својата 14-годишнина од бракот, Дејвид објави емотивна порака.

„Среќна годишнина, љубов моја. Не можам да поверувам дека не стигнавме до 14, но имав најубави 25 години и благословен сум што те сретнав. Спиј мирно,“ напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Hurrell (@hurrell.david)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!