Фото: Промо

На 4 октомври се одржува 21. издание на „Бела ноќ“ во Скопје

Универзална сала и Град Скопје ја најавуваат 21та изведба на културната манифестација „Бела ноќ“, која ќе се одржи на 04 октомври 2025 година (сабота).

Целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена преку концерти, изложби, мултимедијални изведби, литературни читања и перформанси кои ќе бидат достапни за сите граѓани и посетители.

Избрани настани од програмата:

Сули Ан | од 20:00 ч.
„Стара скопска чаршија: визии за иднината“ – мултимедијални презентации, изложби по што следуваат DJ сетови на диџеј Дарко Јорданов (Скопје), диџеј Бојан Јанев (Скопје/Берлин) и диџеј Женева (Париз)

Музеј на македонската борба | 20:00 ч.
Изложба „Од чета до армја“.

Научен музеј | 20:00 ч.
Изложба во соработка со ООУ „Вера Јоцич“ – „Преспанско езеро – бисер на природата“.

Детски културен центар | 11:00 ч.
Детска ликовна изложба.

Библиотека „Браќа Миладиновци“ | 19:00 ч.
Промоција на книга „Работилница за поправка на чувства – втора антологија на иднината“.

Културен дом „Кочо Рацин“ | 19:00–21:00 ч.
Збир на повеќе настани

Културно информативен центар | 20:00 ч.
Збир на повеќе настани

Музеј на Град Скопје | 19:00 ч.
Изложба ДЛУМ

Младински културен центар | 20:00 ч.
Претстава „Велигденски Варијации“

Изложба на детски цртежи „Со очи детско срце“ – Славица Копенкова | 20:00 ч.

„Бела ноќ е симбол на културната отвореност на Скопје – вечер кога улиците се исполнуваат со уметност, инспирација и дружење. Целта е да се поврзат граѓаните и уметниците преку заедничко искуство кое ја слави креативноста и културниот дух на нашиот град.“

Настанот е во организација на Универзална сала, а финансиран од Град Скопје.

Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот